• image
  • image

lubrikant-mk

2000-2001 : MOTUL СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ИДНИНАТА И ОСВОЈУВАЊЕ НА НОВИ ПАЗАРИ

За да се земат во предвид локалните ограничувања, притоа одржувајќи висока реактивност, која го осигурува корпоративниот успех, компанијата се реорганизира во 5 зони: Западна Европа, Источна и Централна Европа, Северна Америка, Шпанија и Латинска Америка, Азија – Пацифик. MOTUL го зголеми своето присуство во Азија – Пацифик со создавањето на компанијата "HIGH TECH LUBRICANTS" (HTL) во 2000 год. со седиште во Сингапур. Техничката соработка со OEMs во светот на натпреварувањата продолжи: за моторцикли со HONDA, YAMAHA, SUZUKI, а за автомбили со SUBARU за релиа, а со NISSAN и HONDA за Grand Touring. Оваа постојана инволвираност помага да се одржи опсегот 300V како врвен технолошки продукт и со тоа да доведе до создавање на новата линија на FACTORY LINE за моторцикли и MOTORSPORT за автомобили. Истовремено, се структурираше индустриската активност на МOTUL и го доби името МOTULTECH. MOTULTECH цели кон нови пазари и продолжува да ги усовршува своите продукти со имплементирањето на солуции најпочитувани од страна на животната средината, внимавајќи на здравјето и комфорот на корисниците. MOTULTECH e партнер специјализиран за индустриски масла, чија што активност покрива голем број индустриски области.